Од фотоволтаична централа во изградба во Овче Поле сопственост на скопска фирма украдени се 6 инвертери.
Кражбата во полициската станица во Свети Николе ја пријавил Ф.Е. од Тетово најверојатно вработен во фирмата од Скопје.
Според пријавата, инвртерите се укратени во период од 07.11 до 10.11.2023 година од страна на непознат сторител. Инвертерите биле оставени на локација каде што се градела фотоволтаична централа во близина на патниот правец Овче Поле-Свети Николе.
Полицијата го расчистува случајот.