More

    Од ЕУ предупредуваат на огромен ризик за празничната сезона

    spot_img

    Еврокомесарката на внатрешни работи Илва Јохансон, предупреди дека Европа е изложена на зголемена терористичка закана поради војната во Газа и дека ризикот е најголем за време на претстојните божиќни и новогодишни празници.

    – Со оглед на војната меѓу Израел и Хамас и поларизацијата што таа ја предизвикува во нашето општество, како што се приближува празничната сезона, постои огромен ризик од терористички напади во Европската унија – нагласи еврокомесарката.

    Јохансон како пример го посочи нападот со нож во саботата во Париз, во кој загина германски турист и беа повредени уште двајца, како и други инциденти.

    Еврокомесарката најави дека ќе бидат доделени дополнителни 30 милиони евра за заштита на клучните места, како што се верските објекти и јавните површини на кои за празниците се очекува поголема концентрација на луѓе.

    Се очекува министрите за внатрешни работи од Унијата да одржат консултации поради војните на Блискиот Исток и Украина. На дневен ред на состанокот е предвидена и дискусија за Шенген зоната, како и за напредокот на реформите за азил и миграција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img