Патетично, антиамериканско и антиевропско барање кое оди на штета на конечното решение на косовското прашање.
„Неуспешен обид за опстанок на политичката сцена по доживеаното фијаско и целосно погрешно и деструктивно распоредување”, соопшти ДУИ одбивајќи го повикот на Алтернатива за формирање „заедница на албански општини“, по примерот во Косово каде беше предложено вакво нешто.
Партијата на Али Ахмети оценува дека ова е крајно несериозно барање на Алтернатива чија заднина е всушност обид да се опстане на политичката сцена.