More

    Од Дирекцијата информираат за континуиран раст на новоотворените работни места

    spot_img

    За само една година отворени се околу 2.000 нови работни места во компаниите во ТИРЗ, соопшти Дирекцијата.

    Бројот на вработени во зоната во септември се искачи на 17.558, што е за 13% повеќе во споредба со истиот период лани и 25% и 31% повеќе од септември 2021 и 2020 година, соодветно. Редовната месечна анализа на Дирекцијата покажува дека континуираниот раст на бројот на вработени продолжува и за само еден месец нови работни места добиле 200 наши сограѓани.

    „Како заклучок, во септември е забележан раст на извозот и увозот. Компаниите во Зонит во првите девет месеци од годинава оствариле извоз од 2,8 милијарди евра, што е за 8% повеќе во споредба со истиот период лани. Само во септември извозот достигна 329 милиони евра, а во однос на почетокот на годината извозот е зголемен за 19%. Увозот од почетокот на годинава достигна над 2,3 милијарди евра. Само во јули годинава компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од 275 милиони евра, што е за 20% пониско ниво во однос на септември 2022 година, но за 45% и 55% повисоко ниво во однос на деветтиот месец од 2021 и 2020 година. “, наведува ТИРЗ.

    Поради ваквите економски движења, како што додаваат, позитивен е и нето-извозот, кој како заклучок во септември изнесува 22%.

    Ваквиот позитивен тренд на раст се очекува да продолжи до крајот на годината поради зголемениот обем на инвестициски зделки. Помина само една година од склучените договори во вредност од 350 милиони евра, кога веќе се реализирани дел од планираните 6.000 нови вработувања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img