More

    Од денеска почна со работа првиот дигитален асистент во јавниот сектор – АДА, базиран на вештачка интелигенција

    spot_img

    Од денеска почна со работа првиот дигитален асистент во јавниот сектор – АДА, базиран на вештачка интелигенција, преку којшто компаниите ќе можат да добиваат целосни информации за условите за инвестирање во земјава и државната помош што се нуди, со што Северна Македонија станува дел од глобалните дигитални светски трендови. АДА е креирана од домашната стартап компанија Кодвел.

    На презентацијата присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и директорот на Фондот за инвестиции и технолошки развој, Фестим Халили.

    – Нашата држава ги следи светските процеси и веќе е дел од бранот нови, модерни, дигитални трендови, коишто го зафаќаат секој аспект на нашето живеење и наједноставно може да се каже дека да, доаѓа АДА, што е првиот дигитален асистент некогаш направен во Владата на нашата држава – рече премиерот Ковачевски.

    Тој истакна дека АДА ги нуди сите информации за финансиска поддршка од државата, а ќе се надоградува и со други услуги од важност за деловниот сектор и граѓаните. Преку тоа, нагласи тој, ќе влијаеме на зголемување на транспарентноста на сите институции, но и на намалување на корупцијата и елиминирање на човечкиот фактор во процесите.

    Воведувањето на овој прв дигитален асистент, според Ковачевки, ќе значи забрзување на процесите на давање услуги на заинтересираните граѓани и претставниците на компаниите, коишто ќе можат да бидат услужени во неограничен број и тоа постојано, во текот на 24 часа.

    – Светските трендови се развиваат во правец на развивање и сѐ поголема примена на вештачката интелигенција, која е навлезена во сите сфери од живеењето, преку склопување машини и модернизација на процесот на производство, сѐ до помош во домовите, па дури и создавање дела и креации кои порано биле можни единствено со помош на човекот. Можностите кои ги нуди вештачката интелигенција се неограничени. Употребата на вештачката интелигенција и компјутеризацијата се пресликува и применува и во јавната сфера, како и во работењето на нашите институции – рече Ковачевски, наведувајќи дека по онлајн плаќањето на сметките и вадењето лични документи по електронски пат, во моментов се работи и на електронски ИД за граѓаните во земјава.

    Тој најави дека ќе продолжи поддршката на поголем број иновативни иницијативи.

    – Лани имавме рекордна исплата од 23 милиони евра, како и рекорден број поддржани компании, 410 по Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Бројот на компании како и буџетот за поддршка расте од година во година, почнувајќи од 2017 година, кога и почнавме со оваа програма. Со цел да ги олесниме административните процедури, од 2020 година креиравме и one stop shop за инвестиции. Сето ова го правиме со цел да им помогнеме на домашните и странските инвеститори, да придонесеме за поголема конкурентност и ликвидност на компаниите, а преку тоа и во развојот на домашната економија – рече Ковачевски.

    Директорот на ФИТР истакна дека проектот финансиран од Фондот по спроведен избор на објавен повик вреден девет милиони денари и изработен од домашната компанија, е само почеток на иницијативите од овој вид кои ќе нудат поефикасна комуникација со домашни и меѓународни компании заинтересирани за инвестиции.

    – Фактот што досега имаме кофинансирано над 66 милиони евра и над 30 милиони евра од самите компании кои се наши корисници за развој на преку 1000 проекти и 1,5 милиони евра за развој на три акцелартори кои оперираат во нашата држава, јасно говори дека ФИТР е институција која е меѓу водечките мотори на развојот на државната економија и поддршката на бизнис екосистемот во државата – рече Халили.

    Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу истакна дека во поддршка на процесот на дигитализација на сервисите во јавната администрација Министерството подготвува неколку национални стратегии меѓу кои и стратегијата за ИКТ, како и за сајбер безбедност, а формирана е и работна група за креирање Агенција за дигитализација која ќе ги имплементира тие стратегии.

    Вицепремиерот Битиќи, кој и официјално ја стартуваше примената на првиот дигитален асистент – АДА, истакна дека таа е одговор на Извештајот на Стејт департментот за борба против корупцијата кој се однесуваше на делот за делење државна помош и поддршка на инвестиции каде се наведува дека транспарентноста е клучна за сузбивање на појавата на корупција и дека елиминацијата на истата треба да биде императив на Владата.

    АДА ќе биде достапна 24 часа (ada.gov.mk), ќе може да услужува неограничен број корисници во исто време, и ќе дава исти информации за да се исклучи манипулација со тие информации. Во прво време таа ќе нуди информации за граѓаните и потенцијалните инвеститори при што ќе биде достапна на веб страниците на Владата, ФИТР, ТИРЗ и Инвест Македонија. Една од главните услуги е презентација на РСМ како поволна бизнис дестинација, а ќе може да препорача и персонализирана финансиска поддршка. Таа ќе креира и извештај за инвестирање за мерките од интерес кој му се испраќа на потенцијалниот инвеститор и ќе се користи како почеток за преговори, а до вработените во Владата ќе испраќа подготвени профили за инвеститорите.

    Потенцијалите на проектот се огромни, а во наредните фази АДА ќе може да се интегрира во другите институции за давање услуги како во Царинската управа, е-услуги итн.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img