More

    Од денеска па во наредните 9 месеци патот Велес – Градско ќе биде затворен за сообраќај поради градежни работи за рехабилитација на овој регионален пат

    spot_img

    Од денеска па во наредните 9 месеци патот Велес – Градско ќе биде затворен за сообраќај поради градежни работи за рехабилитација на овој регионален пат. Сообраќајот ќе се одвива според одобрен времен режим, информира АМСМ.

    Од денеска започнува асфалтирањето на патниот правец Ново Лагово – Боротино. Сообраќајот  на овој пат ќе биде во прекин во двата правци од 9 до 16 часот секој ден освен недела. Се препорачува учесниците во сообраќајот кои ќе се движат кон Галичани да се упатуваат кон Беровци, а оние учесници во сообраќајот кои ќе се движат кон Боротино да се упатуваат кон Веселчани.

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

    АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img