Од Алијанса прашуваат зошто е исклучен албанскиот јазик?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Алијанса за Албанците им го честита крајот на учебната година на учениците и наставниците. Но, истовремено реагира и на предизвиците што ги очекуваат наставниците во однос на пополнувањето на свидителствата по електронски пат кадешто наидуваат на проблеми од различни форми. Од една страна, родителите кои со право се жалат зошто треба да плаќаат 80 денари за пополнување на свидителствата, а според законот тоа не е потребно, од друга страна МОН не ги исполнува своите обврски. Иако во електронскиот дневник има можност да се пополни свидителството, тоа е само на македонски, а не и на албански јазик, реагираат од Алијанса за Албанците.

„Ние како Алијанса прашуваме – до кога наставниците Албанци ќе бидат дискриминирани и деградирани како неспособни и принудени да бараат пари од учениците или сами да си ги плаќаат свидителствата, а наставниците Македонци само со притиснување на копчето „печати“ да им се испечати свидителството? Додека госпоѓата Царовска беше министерка, вакво нешто можеше да се очекува, но, кога министерот и заменик-министерот се Албанци, тоа не бара дополнителни коментари“, се вели во соопштението на партијата.

Од АА порачуваат дека на Министерството ќе му помогнат со своите ИТ експерти, за имплементира албанскиот јазик во апликацијата.

Share This Article