More

    Од АД ЕСМ им порачуваат на скопјани да бидат спокојни пред грејната сезона

    spot_img

    Граѓаните да бидат спокојни, радијаторите ќе бидат топли, парно ќе има. Компаниите формирани од страна на акционерското друштвото АД ЕСМ, како и подружницата Енергетика се подготвени за сигурно, безбедно и континуирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во претстојната грејна сезона за потрошувачите на подрачјето на дел од градот Скопје, порачува помошник директорот за топлина на АД ЕСМ Александра Маројевиќ во интервју за МИА.

    Таа нагласува дека ЕСМ во изминатиот период во целост го заврши отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“, а новите топловодни цевки се веќе пренесени на локација и додава дека се во постојана комуникација со Град Скопје, бидејќи мостот е под надлежност на градот.

    – Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки на мостот Беласица ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите вклучувајќи ги и количините кои ќе ги испорачува ТЕ-ТО, вели Маројевиќ во интервјуто за МИА.

    Маројевиќ вели дека компаниите формирани од страна на акционерското друштвото АД ЕСМ, како и подружницата Енергетика се подготвени за сигурно, безбедно и континуирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во претстојната грејна сезона за потрошувачите на подрачјето на дел од градот Скопје.

    Од вкупно 63.000 потрошувачи (домаќинства, деловни објекти и институции), 61.000 се снабдуваат со топлинска енергија преку новоформираните фирми на ЕСМ за Производство, Дистрибуција и Снабдување, додека 2.000 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата ЕСМ-Енергетика.

    Таа вели дека од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навремена и квалитетна испорака на топлинската енергија.

    – Токму затоа ЕСМ во изминатите денови неколку пати апелираше до потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона. Во моментов во 225 колективни станбени објекти сè уште не се обезбедени потребните услови, односно имаат дефекти во внатрешна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици – додава Маројевиќ

    Во врска со опожарениот мост „Беласица, ЕСМ е во постојана комуникација со Град Скопје, бидејќи мостот е под надлежност на градот.

    – Во изминатиот период во целост го завршивме отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица“ а новите топловодни цевки се веќе пренесени на локацијата. Поставувањето на новите цевки и подготовката на мостот за нивна монтажа е комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа. Очекувам дека набрзо ќе започнат и активностите на терен и ќе се вложат максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок. Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки на мостот Беласица ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите вклучувајќи ги и количините кои ќе ги испорачува ТЕ-ТО. Граѓаните да бидат спокојни, радијаторите ќе бидат топли, парно ќе има – вели помошник директорот за топлина на АД ЕСМ Александра Маројевиќ.

    фото: МИА

    претходниот член,
    Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја напушти денешната заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, откако еден од новинарите го праша премиерот што мисли за сценариото највисоките државни функции да ѝ припаднат на ДУИ доколку не бидат успешни претседателските избори. „Во случај на неуспешни претседателски избори, дали сте подготвени да прифатите дека државата останува во рацете на ДУИ со тоа што ќе биде назначен Албанец за премиер, а функцијата шеф на државата ќе му припадне на собранискиот спикер Талат Џафери?“ Вака гласеше новинарското прашање на коешто Битиќи веднаш реагираше: – Јас мислам дека не треба да стојам тука на вакви прашања – рече Битиќи и ја напушти прес-конференцијата. Камерите го снимија вицепремиерот како нервозно се качува во автомобил и без поздрав го напушта местото. Ковачевски, пак, оцени дека новинарското прашање било „апсолутно некоректно“. Можеби ќе ве интересира ИЗБОРИТЕ ЌЕ БИДАТ РЕДОВНИ За тајмингот ќе одлучуваат… МИА 13/10/2023 ПЕНДАРОВСКИ НЕ МОЖЕ ДА ПОБЕДИ НИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КУЌЕН… Плусинфо 13/10/2023 – Денес во нашата држава имаме концепт за европска Македонија, којшто го предводи Владата и СДСМ. Што ги третира сите граѓани еднакво според нивната етничка, верска и која било друга припадност. Меѓутоа, имаме појава е еден популизам, којшто во својата основа има етно-национализам и ксенофобија, што за мене е форма на модерен фашизам – рече Ковачевски. Плусинфо токму денеска објави анализа во којашто е опфатено сценариото по евентуално неуспешни претседателски избори земјава да остане без претседател на државата, па местото на актуелниот претседател Стево Пендаровски да го зазема актуелниот собраниски спикер Талат Џафери, додека, пак, во истиот тој период би се формирала и т.н. Пржинска влада и земјава би добила премиер Албанец. Во продолжение погледнете го видеото:
    Следната статија
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img