Од 800 тестирани деца во училиштата, само осум биле позитивни на коронавирусот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од 800 тестирани деца во училиштата, само осум биле позитивни на коронавирусот, информира денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

– Скринингот во училиштата сè уште не е целосно завршен. Треба да ја имаме онаа бројка која ја ветивме на почеток, репрезентативен примерок од 1.800 или 2.000 испитаници. Интересот беше голем. Околу 5.000 родители доставија согласност за тестирање на нивните деца. Иницијалните информации укажуваат на тоа дека во овој момент од 800 тестирани деца, само осум биле регистрирани како позитивни – изјави Мехмедовиќ, кој потенцира дека за да се има репрезентативност на податоците треба да заврши скринингот на предвидената бројка, утврдена со методологијата на Комисијата за заразни болести.

Мехмедовиќ нагласи дека оваа недела има тренд на намалување на заразени во сите старосни групи, меѓу кои и во онаа на деца од шест до 14 години, во која минатата недела имаше зголемување на трансмисијата.

– Зголемувањето на бројките кај деца од шест до девет и 10 до 14 години, беше аларм за да ги активираме овие секундарни контролни механизми да видиме дали има повисока трансмисија на вирусот во училиштата. Но, како што веќе кажав, има тренд на намалување на бројките во сите старосни групи, па и во оваа. Малиот број на заразени ученици не мора да се должи само на трансмисијата во училиштата, туку и на актуелниот тренд на намалување на бројките во сите старосни групи – рече Мехмедовиќ.

Share This Article