More

    Од 7 до 13 јуни, пријавени се 47 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 23,7 отсто, споредено со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, шест се хоспитализирани

    spot_img

    Од 7 до 13 јуни, пријавени се 47 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 23,7 отсто, споредено со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, шест се хоспитализирани, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    „Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 36 или 76,6 отсто. Пријавени се и пет случаи од Тетово, три од Куманово и по еден случај од Прилеп, Охрид и од Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 63 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 35 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 11 се комплетно вакцинирани, а едно лице е вакцинирано согласно возраст“, пишува во извештајот на ИЈЗ.

    Заклучно со 13 јуни, во Македонија се регистрирани вкупно 746 случаи на голема кашлица, со инциденца од 40,6/100.000 жители.

    „Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Дистрибуцијата по пол покажува дека 350 лица се од машки, а 396 од женски пол“, се додава во извештајот.

    Од ИЈЗ наведуваат дека во тек се две епидемии, пријавени во ниво на територијата на Скопје и на Куманово. Најголем број заболени припаѓаат на возрасната група до четири години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img