More

    Од 30 јуни до 2 јули, катната гаража на Скопје сити мол ќе биде претворенa во вистинска спортска арена за Rooftop FIBA 3х3 баскет турнирот

    spot_img

    Од 30 јуни до 2 јули, катната гаража на Скопје сити мол ќе биде претворенa во вистинска спортска арена за Rooftop FIBA 3х3 баскет турнирот, организиран од страна на здружението “3×3 Basketball Skopje” Македонија и Скопје сити мол. Првиот ден од турнирот е резервиран за U18, екипи под 18 години. Вториот и третиот ден се резервирани за меѓународниот турнир за натпреварувачи над 18 години каде повикот е отворен за странски и македонски екипи.

    Победниците на натпреварот ќе добијат парична награда од 2.000 евра, за освоено второ место награда од 1.000 евра, а пригодни подароци ќе добија сите учесници на натпреварите.

    Овој 3х3 баскет турнир е официјално признат од FIBA како дел од календарот на светската куќа на кошарката, а со него стартува и 3х3 летната лига на територијата на Македонија. Значењето и популарноста на овој спорт се зголемуваат со промовирањето на 3х3 баскетот  како официјална олимписка дисциплина на последните Олимписки игри.  Во Македонија главен промотор на овој спорт е здружението “3×3 Basketball Skopje” кое оваа година го прославува шесттиот јубилеј, а Скопје сити мол е традиционален партнер на овој турнир петта година по ред.

    -Секоја година се поголема е обврската кон обожавателите на кошарката да го организираме најголемиот 3×3 настан во Македонија. Среќни ме што ја продолжуваме традицијата да го поддржиме и да помогнеме во промоцијата на овој урбан уличен спорт, кој се избори за своето место и на Олимписките игри. И оваа година Скопје сити мол ќе биде домаќин на овој настан со локација катната гаража на трговскиот центар. Истата ќе ја направивме во спортска арена за дваесет екипи кои учествуваа на турнирот и ќе се погрижиме за врвно доживување на сите „баскетболџии“ и на сите посетители. 3х3 баскет турнирот веќе станува вистински спортски и забавен спектакл, на отворената арена на катната гаража во омилениот трговски центар. Веруваме дека го доближивме овој вид на баскет до поголем број  млади и дека задоволството ќе расте од сите страни како до сега така и понатака –изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје сити мол.

    Турнирот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт и од Кошаркарска федерација на Република Северна Македонија, а своја поддршка дадоа и Комерцијална банка, Ред Бул, Беоспорт, Божиновски, Спорт Вижн и Вива Сокови.

    За доживувањето да биде потполно, покрај официјалниот дел со баскет натпреварите 3х3, Скопје сити мол подготви вистински спортски и забавен спектакл со натпревар во забивање, сетови од познати македонски диџеи, натпревар во шутирање на тројки, детски баскетболџии, корнер со стрит фуд храна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img