Граѓаните на Грузија од 15 мај ќе можат да престојуваат во Русија до 90 дена без издавање виза.
Како што пренесува агенцијата Тасс, ова произлегува од декретот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин.
„Утврдете дека од 15 мај 2023 година, граѓаните на Грузија можат да влегуваат и излегуваат од Руската Федерација без визи, врз основа на валидни документи кои го докажуваат нивниот идентитет. Исклучок се граѓаните кои влегуваат во Руската Федерација заради вршење на работни активности или за период подолг од 90 дена“, се наведува во документот.
Со друг декрет Путин ја укина забраната за летови на руските авиокомпании и продажбата на тури до Грузија.