Од 122-та владина седница: разгледана е информацијата за обезбедување дополнителни финансиски средства за терапија за лицата со цистична фиброза; одлука за здравствени услуги од областа на онкологијата и радиотерапијата во Градската болница 8 Септември

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владата на Република Северна Македонија ја одржа 122-та владина седница.

Владата ја разгледа Информација од Министерството за здравство за потребата од обезбедување дополнителни финансиски средства за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести Скопје, зa набавка на терапија за пациентите со Цистична фиброза. Заклучено е Министерството за финансии, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување да одржат координативен состанок, со цел доставување предлог решение.

Владата, на денешната седница, донесе Одлука за давање согласност на Одлуката за проширување на дејноста на Јавната здравствена установа Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје за спроведување специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на онкологијата и радиотерапијата.

Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање го утврди текстот на Предлогот на закон за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата.

Посочено е дека богатството со природни и културни вредности го вбројуваат Кањонот Матка во еден од најрепрезентативните објекти на природата во Република Северна Македонија и се карактеризира со исклучително природно наследство, особено со значајни живеалишта и видови од национално и европско значење.

Целта на Предлогот на закон, како што е соопштено е заштита на геолошките, геоморфолошките, хидролошките, флористичките и фаунистичките карактеристики, коишто се од осoбeно значење за заштита на природата.

Владата, на предлог на Министерството за финансии, донесе заклучоци по неколку точки.

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за данок на солидарност.

Придонесот за солидарност, според посоченото од Министерството за финансии, треба да дејствува како редистрибутивна мерка за да се осигура дека предметните компании, коишто оствариле вишок профит поради неочекувани околности, пропорционално придонесуваат за ублажување на енергетската криза на внатрешниот пазар.

- Advertisement -
Ad image

Со цел да се изврши корекција на пазарната дисторзија и да се обезбеди редистрибуција на товарот на негативните последици од кризата, како што е објаснето од Министерството за финансии, повеќе земји од светот воведоа или најавија дека ќе воведат т.н. данок на екстра профит (Хрватска, Бугарија, Грција, Унгарија, Велика Британија, Италија, Шпанија, Германија).

Воведувањето на овој данок има солидарна функција и ќе обезбеди финансиски средства што во целост ќе се користат за финансирање на Програма за мерки за справување со кризата.

Утврден е текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стоковите резерви, со примарна цел да се опфати оризот како производ од исклучително значење и да се создадат услови за негово чување како стоковни резерви, во вид на оризова арпа.

- Advertisement -
Ad image

Владата на денешната седница го утврди и текстот на Предлогот на Законот за изменување на Законот за буџети.

Предложените законски измени се во насока на бришење на одредбата за зголемување на платите на вработените во Министерството за финансии за 30 проценти поради, како што е објаснето од страна на Министерството за финансии, неколку причини. Тоа се: неможност од утврдување на специфичноста на работните задачи и посебната одговорност којашто произлегува  од работното место, со цел допрецизирање на законот за буџети и имајќи предвид дека Законот за системот на плати во јавниот сектор е во постапка на донесување.

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за Програмата на економски реформи 2023 – 2025 година и го разгледа и прифати текстот на Програмата.

И овој документ, според соопштеното од страна на Министерството за финансии, е изработен согласно насоките дадени од страна на ЕК, каде освен среднорочна макроекономска и фискална рамка, вклучени се и 19 клучни секторски структурни реформи за зголемување на конкурентноста и растот на економијата. Во Програмата, како клучни предизвици за конкурентноста и растот се идентификувани: зајакнување на човечкиот капитал за инклузивен развој, поттикнување на зелената транзиција, подобрување на конкурентноста на домашните претпријатија, нивната интеграција во глобалните синџири на вредност и формализација на економијата.

Share This Article