More

    Од 1 јануари слободно движење за возила со косовски таблички

    spot_img

    Косовскиот премиер Албин Курти, коментирајќи ја одлуката на српската влада да дозволи слободно движење на возилата со таблички на Република Косово (РКС), рече дека Приштина ќе реагира реципрочно „штом граничната полиција документира и докаже дека Србија целосно ја спроведува својата одлука и без пречки“.

    Владата на Србија на почетокот на неделава објави одлука со која од 1 јануари се дозволува влез во Србија и слободно движење на возилата со таблички РКС.

    Директорот на канцеларијата на српската влада за Косово, Петар Петковиќ, објасни дека одлуката произлегува од договорот меѓу двете страни од 2011 година, со посредство на Европската унија.

    – Не ги преминавме црвените линии за зачувување на националниот интегритет и суверенитет – рече Петковиќ.

    Тој додаде дека „регистерските таблички не се симбол на државноста“, која Србија не ја признава и одбива да се согласи за влез на Косово во меѓународните институции, вклучително и во Обединетите нации.

    Косовскиот премиер Албин Курти ја оцени одлуката на српската влада како „обид да се минимизираат критиките од меѓународната заедница по нерегуларностите и измамите“ на неодамнешните избори. -Одлуката за слободно движење низ Србија со регистарски таблички РКС доаѓа по повеќе од 10 години неспроведување на претходните договори – беше изјавата на Курти, која вечерва ја пренесоа белградските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img