More

    Од 1 јануари 2024 година, сите возачки дозволи издадени со старото име ќе престанат да важат, возачите кои ќе бидат затекнати со стара возачка дозвола ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра

    spot_img

    Од 1 јануари 2024 година, сите возачки дозволи издадени со старото име ќе престанат да важат. Возачите имаат уште малку време да ја заменат својата возачка дозвола со онаа со новото уставно име, бидејќи полицијата ќе санкционира.

    Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, апелира до граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи навреме, со цел да избегнат непријатности и казни. Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возачите кои ќе бидат затекнати со стара возачка дозвола ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра.

    Тошковски истакнува дека во моментов нема големи гужви во општините и дека процесот на замена на возачките дозволи тече без проблеми. Сепак, апелира до граѓаните да не го оставаат овој обврска за последен момент.

    – Се надевам дека нема да дојдеме до таква ситуација, повторно ќе упатам апел да си ги променат возачките за да ги запазиме законско утврдените роковите за промена на возачките дозволи со уставното име. Максимално ќе апелираме сите услуги потребни, од аспект на капацитет ги имаме обезбедено, нема гужви, ги имаме обрасците, може да се закаже од ден за ден – рече Тошковски во гостувањето на ТВ21.

    Според законот доколку полициски службеници ве фатат со стара возачка дозвола ќе добиете прекршочен платен налог и парична казна од 100 евра. Така предвидува Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img