Од 1 февруари еврото официјално станува единствена валута во Косово

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Косовскиот премиер Албин Курти, во врска со најавата за забрана за користење на динарот во Косово, денеска изјави дека одлуките на Централната банка на Косово (ЦБК) се независни, дека ЦБК само си ја врши работата и дека за нејзините одлуки не може да се преговара.

Курти не зборуваше за барањата на меѓународната заедница да се одложи извршувањето на правилникот на ЦБК, според кој од 1 февруари еврото треба да биде единственото платежно средство на Косово во готовинско плаќање.

– Во четири општини на север има четири филијали на банки и 15 небанкарски финансиски институции до кои може да се испраќаат дознаки и плаќања и каде сите се примаат во евра. Еврото е валутата што ни доаѓа од ЕУ, никому не му кажуваме да набави албански леи или нова дарданска валута од Косово, туку евра. Еврото како единствено средство за плаќање и купување, јасно е дефинирано на Косово и тоа не е прашање за кое може да се преговара – нагласи Курти додавајќи дека прописите што ги донесе ЦБК се во согласност со Уставот и законот.

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска порача дека треба да им се даде одреден рок на граѓаните за да може без проблеми да се спроведе новата Регулатива на Централната банка на Косово која предвидува исфрлање на српскиот динар од употреба во Косово.

Според новата регулатива, која стапува на сила на 1 февруари, другите валути може да се користат како вредност само за складирање во физичка форма или на банкарски сметки, за извршување на меѓународни плаќања и за девизни активности.
Оваа уредба предизвика негативни реакции кај косовските Срби, кои примаат исплати од Србија во динари, додека меѓународните дипломати од САД и ЕУ ја повикаа Владата на Косово да ја преиспита оваа одлука.

Османи посочи дека според член 11 од Уставот на Косово, еврото е единствената валута во таа земја.

– Во однос на примената на тие принципи во пракса, се разговара за низа опции со кои од една страна ќе се почитува членот 11 од Уставот, а од друга страна ќе се обезбеди одредено време за информирање на граѓаните и нивно префрлање на нови сметки за да може Регулативата да се имплементира без никакви проблеми и со целосна поддршка од сојузничките земји, рече Османи.

Претседателката на Косово го спореди прашањето за забраната на српскиот динар со ситуацијата околу укинувањето на старите српски регистарски таблички на северот на Косово, кога сојузниците побараа од Владата на Косово да ја одложи одлуката за одредено време.

– Како што можете да видите, денес речиси сите граѓани кои живеат на север ги префрлиле своите регистарски таблички на оние на Република Косово. Би рекла дека ова е сличен проблем, бидејќи прашањето за табличките беше и прашање на одбрана на суверенитетот и уставноста – истакна Османи.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article