Од 1 февруари единствена валута за плаќање во готовина и за платежни трансакции во Косово е еврото

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од 1 февруари единствена валута за плаќање во готовина и за платежни трансакции во Косово е еврото.

Уредбата на Централната банка на Косово е донесена во согласност со Уставот на Косово и законот на Централната банка на Косово и дека ЦБК е единствената „монетарна власт која може да одлучува за дозволените апоени на евро валутата за промет на територијата на Косово“, пренесува РСЕ.

Досега српските заедници во Косово користеа и динар (РСД), официјалната валута на Србија. Платите на вработените во српските институции се исплаќаат во динари, како и пензиите во српскиот систем, детскиот додаток или социјалната помош, а во општините со српско населениее динарите се користат во трговските објекти, а цените се во динари.

„Замена на валута во Република Косово може да се врши само преку институции кои се лиценцирани од Централната банка на Косово и ја нудат оваа услуга“, се вели во соопштението од банката.

Во уредбата на Централната банка на Косово се наведува дека увозот и извозот на банкноти и монети евро, како и други валути, во Косово ќе бидат ексклузивно право на Централната банка на Косово.

Share This Article