More

    Од 1 декември од 13 до 15 часот се враќа евтината тарифа на струјата

    spot_img

    Од 1 декември од 13 до 15 часот се враќа евтината тарифа на струјата, соопшти денеска првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

    – Не ја воведуваме оваа тарифа од политички причини, туку поради сигналот на цената на струјата на сите берзи – појасни Бислимоски.

    Во однос на цената на струјата која граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јули до 31 декември годинава, Бислимоски рече дека во двата пониски блока се намалува цената, а во двата повисоки блока се зголемува.

    – Вкупната цена во првиот блок се намалува за 7,04 отсто, во вториот блок се намалува за 4,09 отсто, додека во третиот блок цената се зголемува за 2,54 отсто, а во четвртиот блок се зголемува за 2,42 отсто. Цената во евтината тарифа останува иста. Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26%, а од декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5% на сметките – информира Бислимоски.

    Тој рече дека и овој пат биле инвентивни и се обиделе да го намалат ударот за зголеменото ДДВ врз цената на електричната енергија.

    – Во апсолутен износ ДДВ-то ќе значи зголемување на цената на струјата е 7,4%. Ние ги носиме цените без пресметан ДДВ – појасни Бислимоски.

    Поради зголеменото ДДВ вкупниот трошок е зголемен за 2,5%.

    – ДДВ-то влијае над седум проценти. Кај едно домаќинство, а во анализите ги земавме само активните броила, намалувањето на струјата без ДДВ е 4,26 проценти, а вкупниот трошок со ДДВ е 2,5 проценти – појасни Бислимоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img