More

    Од 1 август скопјани ќе плаќаат повисоки сметки за парното за 14,18 отсто

    spot_img

    Од 1 август скопјани ќе плаќаат повисоки сметки за парното за 14,18 отсто. Одлуката ја донесе Регулаторната комисија за енергетика која соопшти дека новата цена на парното зависи од цената на гасот кој е десетпати поскап од порано.

    Првиот човек на Регулаторната комисија Марко Бислимовски рече дека цената за корисниците на железарското греење се зголемува за 15,58 отсто, а за оние приклучени на мрежата на Скопје Север, за 16,31 отсто.

    Тоа значи дека кај просечна сметка за топлинска енергија од 1.800 денари, зголемувањето би било 250 денари.

    – Цела Европа и регионот имаат сериозни проблеми во енергетскиот сектор заради превисоките цени на енергетските ресурси и намалените количини на природен гас што се увезуваат од Русија. За производство на топлинска енергија користиме увозен природен гас чија цена денес е околу 10 пати повисока од цената во јули 2021 година. Енергетските компании што вршат снабдување со топлинска енергија побараа зголемување на цената и до 78 проценти. Во денешните одлуки зголемувањето на цената за најголемиот број потрошувачи кои се снабдуваат од БЕГ е само 14,18 проценти што се должи на значајната субвенција во цената на топлинската енергија за домаќинствата од страна на Владата -рече Бислимоски.

    РКЕ предвидува ТЕ-ТО да обезбеди 70 отсто од потребната топлинска енергија, а 30 отсто да се обезбедат од топланите.
    Доколку ТЕ-ТО не работи и ако нема субвенции од државата, како што посочи Бислимоски, цената би се зголемила за над 100 проценти.

    – Доколку не е можно да се увезат потребните количини на природен гас за производство на топлинска енергија во ТЕ-ТО и топланите, тогаш сета потребна топлинска енергија ќе мора да се произведе во топланите со користење на мазут, што е многу неповолно од еколошки аспект, и е ризично заради потенцијалната неможност да се обезбедат потребните количини на мазут – рече Бислимоски.

    тој апелираше сите потрошувачи, почнувајќи од институциите на централно и локално ниво, во грејната сезона да ги следат препораките на ЕУ за штедење и намалување на греењето.

    – Еден степен намалување на температурата овозможува заштеда на енергенс од околу 5 отсто – рече Бислимоски.

    Останува неизвесно кој ќе ја преземе обврската да ги затоплува скопјани по раскинувањето на договорот со Балкан енерџи груп (БЕГ) кој досега беше задолжен за парното во Скопје. Владата најави распишување на отворен повик за компанија која ќе ја преземе обврската, а во краен случај се најавува можноста грижата за парното да биде префрлена на државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). До ваков развој на настаните дојде откако Регулаторната комисија за енергетика во јуни ги одзеде трите лиценците на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ).

    Околу 60.000 скопјани се греат на парно, а најголемиот дел од нив се греат на парното на БЕГ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img