Црвена Звезда го победи МЗТ Скопје во натпревар во АБА со резултат 80-57.
Играчите на МЗТ Скопје парираа во првото полувреме, но потоа Србите целосно надвладеаја на теренот и ги остварија очекувањата.
Клучната разлика Црвена ѕвезда ја оствари во третата четвртина која ја реши во своја корист со 27-8 и во завршните десет минути влезе во недостижна предност од плус 22 поени.
Најефикасен на паркетот во салата „Јане Сандански” беше новото засилување на Црвена ѕвезда, Аргентинецот Факундо Кампацо со 21 поени, додека најистакнати во редовите на МЗТ Скопје беа Дастин Вер со 16 и Војдан Стојановски со 13 поени.
МЗТ Скопје остана на последното место на табелата со ефект од две победи од 12 порази, додека Црвена ѕвезда изби на чело на табелата (12-1).
Аеродромци следниот викенд ќе гостуваат во Белград против Партизан.
Ова се изјавите на актерите по денешниот меч: