More

    Очајниот Шпанец се самоповредил по ремито со Феенорд

    spot_img

    Манчестер Сити е непрепознатлив во последниот месец. „Граѓаните“ немаат победа од 26 октомври, а по победата над Саутемптон во Премиер лигата, минаа шест натпревари без победа.

    По пет последователни порази, следеше реми со Феенорд во Лигата на шампионите (3:3), што беше многу тешко за менаџерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола.

    Шпанецот беше во неверување бидејќи неговиот тим водеше со 3:0, но во периодот од 75 до 89 минута прими три гола и остана без веќе „пропишаните“ бодови.

    Гвардиола во очај се појави пред новинарите со гребаници на челото и носот, а имаше јасно објаснување зошто е тоа така.

    – Тоа е од моите нокти, сакав да се повредам – рече со насмевка Гвардиола на крајот од прес-конференцијата.

     

     

    Сити ќе има шанса да ја прекине очајната серија викендов, но задачата е најтешка можна. Тимот од Манчестер во недела од 17 часот ќе го пречека лидерот во Премиер лигата Ливерпул на „Енфилд“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img