More

    Очајнички спасувачки напори по земјотресoт во Јапонија

    spot_img

    Илјадници спасувачи ја продолжуваат потрагата по преживеани по новогодишниот земјотрес во Јапонија, во кој загинаа најмалку 78 луѓе, надевајќи се дека ќе спасат што е можно повеќе во рокот од три дена за преживување што завршува попладнево.

    Градоначалникот на тешко погодениот град Сузу, Масухиро Изумија синоќа изјави дека останува уште малку време и дека наскоро ќе се навршат 72 часа од земјотресот.

    – Мораме да ја собереме целата преостаната сила за да продолжиме со спасувачките напори – додаде тој.

    Најмалку 84 луѓе загинаа, а 330 се повредени откако земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтерова скала го погоди централниот полуостров Ното во понеделникот.

    Се верува дека уште многу луѓе се затрупани под нивните урнати домови, најмногу во градовите Сузу и Ваџима. По првичните 72 часа, шансите за пронаоѓање живи луѓе значително се намалуваат. Според официјалните податоци, околу 80 луѓе се водат како исчезнати.

    Десетици илјади луѓе и натаму немаат струја и вода, додека стотици не можат да добијат помош поради уништени патишта и свлечишта. Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека досега се спасени 150 луѓе и дека спасувачите продолжуваат со целосната потрага. Повеќе од 30.000 луѓе од погодените подрачја се сместени во засолништа.

    Ваџима денес е град на духови откако најголем дел од 23.000 жители веднаш се одзвале на повикот за евакуација по тревогата за големо цунами. Сепак, тука е регистрирана и најголемата бројка загинати, 48 и се очекува трагичниот биланс да расте.

    Во Сузу, град со 13.000 жители, речиси да нема неоштетена куќа. Околу 90% се целосно или делумно уништени, изјави градоначалникот Масухиро Изумија.

    Јапонија е една од најактивните земјотресни подрачја на светот и ваквите активности се зголемиле околу Ното од крајот на 2020, при што во меѓувреме биле регистрирани над 500 мали и средни земјотреси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img