ОБВРСКА НА МВР БИЛА ДА ГО ЧУВА РАМАДАНИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР!!!

Saso
By Saso 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кривичниот суд се обрати со соопштение во врска со екстрадиционата постапка за Блерим Рамадани, кој избега од куќен притвор по што се крена галама во јавноста.

„Заради предимензионираната медиумска покриеност на екстрадиционата постапка за лицето Блерим Рамадани, која е поттикната пред сѐ, од бројните политички коментари и преписки преку кои дополнително се поткопуваат довербата на јавноста, но и бројните експертски коментари кои дадоа свое лично видување на настанот без притоа да ја анализираат фактичката состојба, како суд ќе ја запознаеме јавноста за одредени факти за екстрадиционата постапка, Законската регулатива и пред сѐ институционалната надлежност на властите во земјата:

Факт број еден е дека станува збор за странски државјанин, кој се терети за сторено кривично дело во друга земја (Р. Косово), а се бара да биде екстрадиран во Р. Србија. Судскиот систем во нашата земја не е директно засегнат за исходот од оваа постапка со оглед дека на ова лице не му се суди во земјава и нема оштетени македонски државјани. Сепак, обврска на РСМ е во започнатата екстрадициона постапка да го почитува меѓународното право за што веќе има воспоставена судска пракса.

Имено во идентичен ваков случај со лицето Томора Морине од 2019 година, лицето не било екстрадирано во Р. Србија бидејќи истиот бил косовски државјанин и делото за кое се терети било сторено во Р. Косово, па поради тоа надлежност за водење на постапката ја има Р. Косово, одлука која била потврдена од Врховниот суд на РСМ.

Факт број два е дека конкретното лице било во активен притвор со решение на Судија на претходна постапка од 17.07.2024 до 01.08.2024 година, или 15 дена, односно, согласно досегашната судска пракса за овие случаи, тоа е максималното време кое некое лица го поминало во екстрадиционен притвор.

Факт број три е дека на 01.08.2024 година, по предлог на одбраната на лицето, донесено е решение со кое лицето и понатаму останува обезбедено за органите на прогон преку куќниот притвор, а при донесување на решението, судијата имал предвид дека: имајќи ја предвид веќе воспоставената судска пракса за постапување на нашите судски органи при идентично исти случаи, односно на лица на кои првично им било определена мерка притвор, во сите одлуки на Кривичниот совет при надлежните судови е утврдено дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција, а овие одлуки се потврдени од Врховниот суд на РСМ, согласно законските одредби, може да биде обезбедено со поблаги мерки како куќен притвор, мерки за обезбедување присуство или гаранција, што е наведено во решението, додека надзорот над куќниот притвор, согласно решението се доверува на МВР односно надлежната полициска станица. Па заради тоа одговорноста (системска или индивидуална) за бегството треба да се бара кај органот кој го врши надзорот.

Факт број четири е дека до 14.08.2024 година, ниту МВР ниту, политичките партии а ниту пак експертите не ја коментираат одлуката на судот за определување куќен притвор иако истото беше објавено од одредени медиуми, веројатно поради функционалноста на истата, како и бројните пресуди против државата токму заради „злоупотреба“ на притворот.

На крај лицето се дава во бегство од куќен притвор над кој надзор врши токму МВР, по што и следат бројните реакции и обвинувања на сметка на судот.

Како последен факт, би сакале да потенцираме дека согласно воспоставена судска пракса и меѓународното право, Кривичниот совет донесе решение според кое не се исполнети законските услови за ектрадиција и целиот предмет е доставен на надлежно постапување на Врховниот суд на РСМ.

- Advertisement -
Ad image

Имајќи го предвид погоре наведеното, Судскиот совет на РСМ може и треба да проверува и утврдува дали судот постапувал согласно Законските одредби и праксата на повисоките судови. Но апелираме случајот да не се користи за политички препукувања, особено ако јавноста не е запознаена со клучните факти за конкретниот случај, судската пракса и пред сѐ, институционалните надлежности“, се наведува во соопштението од Кривичен суд.

Share This Article