More

    Обвинувања од Русија: Украина ги гаѓаше нашите села со касетна муниција

    spot_img

    Гувернерот на руската област Бријанск изјави дека украинските сили гаѓале со касетна муниција во руско село во близина на украинската граница, при што биле оштетени неколку куќи.

    Според првичните информации, нема жртви во гранатирањето на селото Климово, објави на Телеграм гувернерот Александар Богомаз. Ројтерс не можеше независно да ја потврди изјавата на рускиот гувернер, која не беше поткрепена со визуелни докази. Сè уште нема коментари од Украина.

    Патем, руските власти во Бријанск и другите региони кои граничат со Украина постојано ги обвинуваат украинските вооружени сили за неселективно гранатирање.

    Украина доби касетна муниција од Соединетите држави и се обврза да ги користи само за да ја отстрани концентрацијата на руски непријателски војници.

    Касетната муниција е забранета во повеќе од сто земји. Но, Русија, Украина и САД не ја потпишаа Конвенцијата за касетна муниција, која забранува производство, складирање, употреба и транспорт на ова оружје.

    Касетните бомби се истрелуваат како ракети од хаубици, топови и ракетни фрлачи. Тие содржат стотици мали експлозивни направи кои се расфрлаат на многу голема површина – од големината на неколку фудбалски игралишта до неколку хектари земја.

    Ваквите експлозивни направи убиваат не само војници, туку и цивили. Оние кои не експлодираат остануваат опасност со децении по завршувањето на конфликтот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img