Обвинителството води истрага за трагичната смрт на семејството од Косово

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 64-годишник од Скопје на 17 јуни управувал со патнички автомобил „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки на магистралниот пат Скопје – ГП „Блаце“ во насока од југ кон север. Кога дошол пред тунелот Бадар, каде сообраќајот е регулиран со сообраќајни знаци поради работа на пат, почнал да претекнува колона возила кои се движеле во ист правец. Во моментот на престигнувањето, дошло до контакт меѓу неговиот и автомобил „БМВ“ со косовски регистарски ознаки, кој се движел како трето возило во колоната која ја престигнувал осомничениот.

Како резултат на ударот, автомобилот „БМВ“ излегол од коловозот и паднал во коритото на реката Лепенец, при што од возилото успеал да излезе само еден од патниците, а телата на останатите тројца беа пронајдени следниот ден откако автомобилот беше извлечен од водата“ – се вели во описот на делото.

Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител најавува дека ќе преземе дејствија, ќе сослуша сведоци и ќе нареди повеќе вештачења за целосно испитување на настанот и на причините поради кои дошло до контакт меѓу двата автомобили.

Имајќи ја предвид возраста и здравствена состојба на осомничениот, но и потребата за негово обезбедување во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка на претпазливост – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова – информира Обвинителството.

Share This Article