More

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ДОКАЖЕ ДЕКА ВАЊА И ПАНЧЕ СЕ УБИЕНИ ОД КОРИСТОЉУБИЕ

    spot_img

    Штом е ставено во обвинението, значи дека Јавното обвинителство смета дека може да го докаже користољубието како мотив за грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, рече денеска обвинителката што го застапува обвинението пред Кривичниот суд, на брифинг во ЈО.

    Таа одговараше на новинарско прашање дали ЈО и натаму смета дека мотивот за грабнувањата на Вања и Панче е користољубие, со оглед дека двајцата беа убиени брзо по грабнувањата и за нив не бил побаран откуп од семејствата.

    – Во тек е судење кое е отворено за јавноста. Предмет на обвинението се дејствијата и штетните последици кои се опишани и сметаме дека ќе бидат докажани. Точно е дека дел од предметот е користољубие, затоа што ЈО тргна и тоа да го докажува. Да бидеме трпеливи, да се види дали ќе се докаже. Штом е ставено во обвинението, значи ЈО смета дека може да го докаже мотивот – рече обвинителката.

    Шефот на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски рече дека единствено убиецот знае зошто постапил така како што постапил.

    – Во врска со користољубието како мотив, доказниот материјал е таков и ЈО успешно се движи во таа насока – рече Бубевски.

    Тој додаде дека сведокот Гоце Трајковски, кој треба да сведочи во понеделник, не е достапен за органите на прогонот, затоа што е во бегство по извршено сериозно кривично дело.

    Обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски се Љупчо Палевски Палчо како првообвинет и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.

    Според обвинението, четворицата првин го убиле Панче, за да му го земат возилото, а неколку дена подоцна, со тој автомобил ја грабнале Вања, со намера за неа да побараат откуп од членовите на семејството.

    Мајката на убиеното девојче Зорица Ѓорчевска на судењето сведочеше дека никој не ѝ се јавил за да ѝ бара откуп за грабнатата Вања.  Таа рече дека во банка има околу 30.000 евра кои ѝ останале од продажба на стан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img