More

    Обвинителството бара притвор за четворица скопјани и за кривопаланчанка

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 5 лица, од кои 2 се осомничени дека сториле продолжено кривично дело „фалсификување пари“, додека останатите со умисла им помогнале да го извршат делото.

    Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничените, четворица жители на Скопје и една жителка на Крива Паланка, сите на возраст меѓу 19 и 34 години, за сума од 18.000 денари набавиле 9 фалсификувани банкноти од по 100 евра од лице од Скопје.

    Потоа, во 5 наврати во Куманово и еднаш во Крива Паланка, во различни правни субјекти купувале производи и услуги со фалсификуваните банкноти. Набавувале храна, алати, но и изнајмувале соби, со што се стекнале со противправна имотна корист.

    Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img