More

    Обвинителен предлог за жител на Росоман

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен жител на Росоман за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

    Обвинетиот, на 18 јули, на регионалниот пат Градско-Прилеп во близина на Росоман, спречил новинари и сниматели да вршат службени дејствија, односно да снимаат прилог за сообраќајна несреќа.

    Тој најпрво со агресивен тон и навреди се обратил кон снимател на Телевизија 24 и кон новинар на МРТ, а потоа со ногата удрил во сталакот на една камера и ја оштетил. На овој начин новинарите биле спречени во нивната работа и го прекинале снимањето.

    Според член 382 од Кривичниот законик, со измените од февруари 2023 година, во став 3 се вели дека: „тој што делото ќе го стори спрема службено лице, адвокат, лекар или друг здравствен работник, новинар или друг медиумски работник или друго лице што врши работи од јавен интерес при вршењето на професионалните задачи или во врска со вршењето на професионалните задачи, кои ги презема во рамките на своите овластувања или лице кое помага при вршењето работи на јавната безбедност или на заштита на уставниот поредок на Република Северна Македонија, што се однесуваат на спречување или откривање кривично дело, фаќање на сторител на кривично дело, чување на јавниот ред и мир или чување на лице лишено од слобода, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img