More

    Обвинител: Во Звечан пронајдено возило полно со оружје, идентификација на осомничените за „терористички напад“

    spot_img

    Косовскиот специјален обвинител Наим Абази изјави дека полицијата во Звечан пронашла автомобил во кој било скриено оружје, а во тек е идентификација на сите осомничени за „терористичкиот напад“ кај селото Бањска во кој загина еден полицаец.

    Абази за порталот koha.net изјави и дека има индиции дека оружјето е скриено во уште неколку куќи и возила во месноста Бањска и Звечани.

    Можам да потврдам дека автомобилот со оружјето е веќе пронајден и дека операцијата за лоцирање на сомнителни куќи и возила продолжува“, рече обвинителот.

    Најмалку 10 полициски и цивилни возила со обвинители и истражители денеска отишле во манастирот Бањска, а според Абази, на локацијата на манастирот биле запленети неколку камери во врска со вчерашниот напад.

    Идентификуваме сведоци, има многу други дејствија за кои сега не можам да зборувам поради истрагата што е во тек“, рече обвинителот.

    Тој најави дека Специјалното обвинителство ќе поднесе барање за притвор за шест лица кои вчера беа уапсени под сомнение дека учествувале во нападот врз полицијата во селото Бањска на северот на Косово.

    Тие се осомничени за тероризам.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img