More

    Обвинението за измама ќе биде готово за 3 месеци

    spot_img

    1 милион евра депонирал кардиохирургот Жан Митрев, како гаранција дека нема да бега од државата, соопшти Гаврил Бубевски,  шефот на Јавното обвинителство Скопје, на денешниот брифинг со новинарите.

    – Првпат информираме дека осомничениот во Судот депонирал 1 милион евра, како гаранција дека нема да ја напушти државата за време на целата постапка. Тоа се случи на првото сослушување на д-р Митрев, кога беше предложено да му бидат одземени патните исправи. А и тогаш го најавив следново – како што ќе се одвива постапката, така и ќе се бараат повеќе гаранции – рече Бубевски.

    Случајот е во предистражна постапка. Гаранцијата е единствено нешто што можеше да ни го открие Бубевски, поврзано со истрагата, во која досега се испрашани околу 80 отсто од сведоците. Тој очекува за 2-3 месеци да биде оформено обвинението против Митрев.

    Некаде на средината на август Обвинителството предложи на д-р Жан Митрев да му биде одземен пасошот, откако за него беше отворена истрага за сомнение за кривично дело Измама.

    – По утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик – беше објавено во соопштението до ОЈО Скопје.

    Како што стоеше во соопштението, осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од ковид-19 со методот на хемофилтрација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img