More

    Обвинението открива нови детали за мега-грабежот, но една работа останува мистерија

    spot_img

    Германското обвинителство поднесе обвинение против Мирнеса С., која е осомничена дека украла повеќе од еден милион евра од германска компанија за трансфер на пари. Германските медиуми открија дека во обвинението пишува на блондинката за време на грабежот имала соучесници кои ѝ помогнале да го организира нејзиното бегство по кражбата, што е информација која јавноста до сега ја немала.

    Истовремено, покренато е обвинение против неименуван соучесник кој наскоро заедно со неа ќе се појави на суд, пренесува Билд.

    Обвинителството сега смета дека маж (29) ја чекал Мирнеса во возилото со кое избегале по грабежот. Тој сѐ уште не е фатен. Сепак, пронајдено е уште едно лице за кое се верува дека го организирало грабежот вреден повеќе од милион евра.

    Обвинителот Ањело Амбрзио изјави дека осомничениот бил уапсен во март на територијата на Германија и дека, како и Мирнеса С., се наоѓа во истражен затвор.

    Тој е обвинет дека „го организирал бегството на своите соучесници“.

    Датумот на рочиштето во регионалниот суд во Штутгарт сѐ уште не е одреден. Инспекторите сѐ уште трагаат по украдените пари.

    – Сè уште не е утврдено каде се парите – изјави обвинителот Амбрзио.

    Да потсетиме Мирнеса, која е позната и по прекарот Мики, решила да и се предаде на полицијата кога сфатила дека кругот околу неа се стега. Таа преку својот адвокат ги известила Германците дека сака да се предаде, па веднаш по слетувањето на аеродромот во Штутгарт била уапсена.

    Таа на 14 октомври минатата година украла милион евра готовина од фирмата во која работела, а потоа исчезнала без трага. Според некои информации, таа го планирала грабежот во стан кој се наоѓа на само 200 метри од полициската станица.

    Мирнеса или Мики е родум од Бусовача, каде што живеела извесно време. Оваа атрактивна блондинка живеела луксузно. На фотографиите кои ги има објавено на Инстаграм може да се видат скапи чанти, накит, часовници Ролекс, а наводно има и профил на платформата „Only Fans“.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img