Обвинение против Мерко, неправилно поставил директор на училиштe

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалнукот Рамиз Мерко за несовесно работење.Како што информира обвинитиелството, Мерко на крајот на јануари 2022 години, свесно ја прекршил регулативата и поставил диркетор на училиште надвор од прописите. имено, поставениот вршител на должноста директор не бил од редот на втобтените како што налага законот. Со ова, Мерко му обозможил да си префрла плата 19 месеци.

– Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот. Така обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси, се вели во соопштението од Обвинителството.

Share This Article