ОБСЕ реагира за Етичкиот кодекс на обвинителите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Додека се чека одлуката дали обвинителката Ленче Ристоска со својата јавна критика кон работата на Советот на јавни обвинители го прекршила Етичкиот кодекс, Мисијата на ОБСЕ во Скопје за „Солуција.мк“ се јави со реакција, дека на ниту еден орган не смее да му се даде право да ја ограничува слободата на говор на обвинителите.

За Мисијата на ОБСЕ во Скопје нема дилема дека обвинителите, како и сите граѓани имаат право на слобода на говор.

Во реакцијата за „Солуција.мк“ ОБСЕ порача дека интегритетот и етичкото однесување на сите судски актери, особено на судиите и обвинителите е клучен за почитување на принципите на владеењето на правото.

„Тие одредби не може да го загрозуваат правото на говор и слободата на изразување. Насоките на ООН за улогата на обвинителите, како и другите меѓународни стандарди признаваат дека обвинителите, како и сите други граѓани имаат право и на слобода на изразување, но и на здружување и собирање, имаат право да учествуваат во јавни дискусии за правни прашања, спроведување на правдата и промоција промоција и заштита на човековите права без притоа да бидат соочени со професионални ограничувања.

Ниту еден орган не треба да има простор за да го ограничи користењето на овие слободи или да наметне дисциплински или други последици“, се наведува во реакцијата на ОБСЕ.

„Извор на тргување со влијание“, беа зборовите на обвинителката Ленче Ристоска со којашто таа го опиша Советот на јавни обвинители што доведе до вжештување на реакциите на Советот кон неа. Тој веднаш се впушти во контра офанзива активирајќи го Етичкиот кодекс и обвинувајќи дека Ристоска го прекршила.

Share This Article