Кандидатот на листата „Србија против насилството“ за градоначалник на Белград, Владимир Обрадовиќ денеска оцени дека единствен излез од кризата во која денес се наоѓа Србија е повторно да излезе на белградски избори.
Тој за телевизијата Нова С изјави дека Републичката изборна комисија има овластување да ги поништи збирните резултати од изборите.
„Постигнавме добар резултат. Да не беа фантомските гласови, дефинитивно ќе го освоевме првото место во Белград. Се надеваме дека изборите во Белград ќе бидат поништени“, рече Обрадовиќ.