Обожавателите на американската пејачка Тејлор Свифт ќе направат сѐ за да стигнат до нејзиниот концерт во рамките на турнејата „Ерас“, но една од нејзините обожавателки деновиве го потврди тоа.
На интернет кружи видео од анонимна жена со дебело ќебе на главата како разговара со новинарка, а таа има еднакво силна причина за нејзиното маскирање.
Го излажала својот шеф дека е болна, за да може да присуствува на концертот на пејачката во Охајо.
Мистериозната обожавателка ја забележала новинарската екипа која разговарала со обожавателите на пејачката пред почетокот на концертот.
Таа објасни дека му се јавила на својот шеф само за да стигне до стадионот „Пејкор“ со 65.000 седишта и да го види концертот од турнејата „Ерас“.
– Ја обожавам. За малку ќе ѝ го дадов името на ќерка ми по неа – рекла мистериозната обожавателка.