More

    Обожавателите на Адел ги означија нејзините концерти во Минхен ова лето како „апсолутно промашување“ откако некои платија до 350 фунти за билет и мораа да се качат на столици за да ја видат сцената.

    spot_img

    Обожавателите на Адел ги означија нејзините концерти во Минхен ова лето како „апсолутно промашување“ откако некои платија до 350 фунти за билет и мораа да се качат на столици за да ја видат сцената.

    Посетителите на концертите во минхенската арена Месе, кои сакаа да бидат што поблиску до својата омилена пејачка, не можеа да видат ништо бидејќи пред нив стоеја луѓе. Видеото се појави на TikTok и е прегледано 1,5 милиони пати, на кое се гледаат обожавателите како се качуваат на столовите за да го гледаат концертот.

    – Платив 316 фунти и не можев да видам ништо. Моите пријатели беа на седишта од 60 фунти и имаа подобар поглед од мене. Бев бесен – гласи еден коментар на видеото.

     

    – Обезбедувањето им нареди на луѓето да се симнат од столовите, па сите бевме на исто ниво. Тоа беше апсолутно промашување. Ги платив сите тие пари и едвај видов нешто – гласи друг коментар.

    Овој проблем се повторува откако Адел ја започна својата едномесечна серија концерти минатата недела на местото со капацитет од 80.000 луѓе. Многу обожаватели, кои веќе купиле билети за нејзините концерти, изразија загриженост дали ќе можат да видат нешто од нивните седишта.

    Нина Френчи, обожавателка која дојде на концертот во инвалидска количка, исто така се пожали дека тоа е „најлошото искуство во нејзиниот живот“, бидејќи големите камења околу арената го оневозможуваат „доаѓањето и излегувањето од концертот“, пишува „Дејли мејл“.

    „Организацијата на транспортот по концертот беше страшна. Не размислуваа за излезот на лицата со посебни потреби“, напиша таа на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, и додала: „Морав да туркам инвалидската количка преку големи камења и низ тесен простор полн со луѓе“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img