Раперот Дрејк бил принуден да го прекине концертот во театарот Аполо во њујоршки Харлем во неделата, откако еден од неговите обожаватели паднал од балконот во партерот.
Снимката од падот од концертот одржан во недела на 22 јануари, кружи на социјалните мрежи, а на неа се гледа како на еден човек прво му паѓа мобилниот, а потоа се струполува на глава.
Инцидентот се случил по 90. минута од концертот, кога на Дрејк на сцената му се придружиле 21 Savage. Поради несреќата, концертот накратко бил прекинат, а откако еден од членовите на тимот му кажал на Дрејк што се случило, тој ѝ се обратил на публиката.
„Мораме само да се увериме дека човекот е добро“, рекол Дрејк, а потоа светлата се запалија и дојде до мешаница за да му се помогне на повредениот фан. Паузата траела 15 минути, а неверојатно е што човекот, како и оние врз кои паднал, не се повредени и концертот продолжил нормално.