Две лица го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во близина на каменоломот на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Поради несреќата сообраќајот на оваа делница неколку часа беше во прекин во двата правци.
„Денеска (05.01.2024) во 07.10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на отворените сепарации (каменоломи), се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила: „ауди” со странски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Е.З. од Кичево и „шкода” со скопски ознаки, што ја управувал Ш.Н.(48) од тетовско Камењане.
Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош. Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото“ – стои во известувањето од МВР.
Сообраќајот на магистралниот пат Гостивар – Кичево од 9:50 часот е нормализиран, информираа од АМСМ.