Обложувалниците во Лас Вегас ѝ даваат големи шанси

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во изминатиот период необичен кандидат за претседател на САД зема замав според рејтинзите и тоа е причина за загриженост кај некои демократски првенци. Се работи за поранешната прва дама Мишел Обама, јави денеска „Си-ен-ен“.

Како што покажуваат типувањата во обложувалниците во Лас Вегас, на облогот „Кој има најголема шанса да стане следен претседател на САД“, играчите најмногу типувале за експретседателот Доналд Трамп, неговиот резултат е пет од шест или има 54,55 отсто шанси за победа. На второ место е претседател Џо Бајден со резултат 15 од осум односно 34,78 проценти шанси за победа.

На трето место е Мишел Обама, која добила типувања 11 од еден т.е. 6,67 отсто шанси да биде следниот претседател на САД. Нејзиниот резултат е подобар и од оној на републиканката Ники Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина со типувања 20 од еден. Исти облози добиле и гувернерот на Калифорнија Гавин Њусам, Роберт Ф. Кенеди помладиот и демократската потпретседателка Камала Харис.

И покрај гласините дека демократите можат сосема неочекувано да ја изберат Мишел Обама за кандидат за претседател на САД „таа не е некој кој сака политика“, изјави политичкиот коментатор Дејвид Акселорд.

– Во 2004 година ја следев кампањата на поранешниот претседател Барак Обама. Неговиот изборен штаб тогаш организираше бројни митинзи, но Мишел се појави само на два – изјави тој.

Според него, овие гласини се ништо повеќе од само гласини. Тој смета дека практично е невозможно сопругата на Барак Обама да стане претседател на САД.

Share This Article