Облакодер е погоден во областа Запорожје, соопштија Украинците.
Тие велат дека прво бил погоден облакодерот, а потоа дошле спасувачите. Потоа, додека траело спасувањето, велат, повторно бил удрен облакодерот.
Фотографијата од последиците ја објави шефот на Државната служба за вонредни состојби, Серхии Крук.
– За време на работата почна повеќекратно гранатирање, па спасувачите ја прекинаа работата на височината. За среќа, нема жртви – изјави тој.
Русија, пак, тврди дека нејзините сили нападнале воени воздушни бази во регионите Ривањска и Хмелницки и дека „сите цели биле погодени“.
„Во текот на ноќта руските вооружени сили извршија удари врз воздухопловните бази на украинските вооружени сили околу населбите Староконстијантинив во Хмелничката област и Дубно во Ривањската област“, соопшти руското Министерство за одбрана.