Азески и Рафуна побараа владите да го решат проблемот со сертификатите за храна

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна и претседателот на Стопанската комора и потпретседател на КИФ Бранко Азески денеска во Скопје разговараа за проблемите со подолгото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

На заедничката средба констатираа дека трговијата меѓу двете земји како докажани трговски партнери, мора да се одвива непрекинато. Тие побараа да се надминат проблемите преку забрзување на протокот на камионите и наместо на меѓуграничниот простор тие да се насочат согласно законската регулатива во магацините и таму да се чека исходот од лабораториските анализи.

На средбата е оценето и дека треба да се примени принципот на проценка на ризик при спроведување на физичка контрола на граничниот премин, а не да се врши контрола на секоја пратка поединечно, како и да се иницира двете влади преку надлежните институции (Агенциите за храна и ветеринарство), да работат на усогласување на сертификатите и нивно заемно признавање зашто е потребно усогласување со европската регулатива.

-Заеднички заклучок од состанокот на Рафуна и Азески, е дека мора да се применат конкретни активности во согласност со политиките на Европската Унија и меѓународните договори, затоа што само така и двете држави ќе покажат дека се сериозни во однос на патот кон кој се насочени, а тоа е членството во ЕУ – велат од Стопанската комора.

Двајцата претседатели на коморите разговараа и за протокот на стоки и услуги кои со изградба на автопатната инфраструктура на Косово добија на интензитет и побрза динамика, а со зголемената функционалност на граничните премини на двете страни се поттикнува зголемена ефективност.

-Останува да се заокружи уште патната инфраструктура на територијата на нашата држава, каде поради се уште активните градежни работи се создаваат долги колони возила што го забавува протокот – велат од Стопанската комора.

Share This Article