More

    Објавиле видео со полови дејствија со дете

    spot_img

    По четири години затвор добија креаторите на групата „Јавна соба“ на Телеграм, Дарко Костовски и Михаил Паневски, а пресудата ја донесе судијката Билјана Коцевска.

    Костовски и Паневски се гонеа бидејќи дозволиле да биде достапно видео на кое се прикажани полови дејствија со дете. Двајцата одговараа за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

    – Обвинетите се огласуваат за виновни бидејќи првообвинетиот ја основал групата „Јавна соба“ на Телеграм, а второобвинетиот како модератор. Иако морале да внимаваат што се прикачува во групата, дозволиле да се направи достапно видео со порнографски елементи со дете – рече судијката.

    Двајцата беа и во притвор поради опасност од бегство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img