Северноамериканската воздушна одбранбена команда (НОРАД) во понеделникот објави видео на кое се гледа пресретнување на руски воен авион во идентификациската зона на воздушната одбрана на Алјаска (АДИЗ).
Според соопштението на NORAD, четири руски воени авиони биле откриени и следени на 23 септември оваа година.
Во соопштението се додава дека рускиот авион останал во меѓународниот воздушен простор и не преминал во американскиот или канадскиот суверен простор.
НОРАД истакна дека ваквите руски активности над Алјаска се рутински и не претставуваат закана.