Објавено е што пишува во француско-германскиот предлог за решевање на српско-косовскиот спор

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германско-француски нацрт договор со девет точки за конечно решение во преговорите меѓу Белград и Приштина. Документот е пробиен од српските медиуми кои потенцираат дека верзијата ќе биде подложна на измени и дополнувања за време на разговорите меѓу двете страни, објави Нова.рс.

Во членот 1 е наведено дека Србија и Косово ќе развиваат нормални, добрососедски односи кои ќе бидат меѓусебно засновани на еднакви права. Членот 2, пак, вели дека двете земји ќе се раководат од заедничките тежнеења за членство во Европската Унија.

Сите меѓусебни спорови, Србија и Косово ќе ги решаваат исклучиво по мирен пат и притоа ќе се воздржат од закани и употреба на сила, согласно Договорот за стабилизација и придружување, гласи членот 3. Во него се додава дека двете земји во моментот и во иднина ја потврдуваат неповредливоста на меѓусебните граници и ќе се обврзат во целост да го почитуваат меѓусебниот територијален интегритет.

Членот 4 нагласува дека Србија и Косово поаѓаат од претпоставката дека ниту една од двете страни не може да претставува друга во меѓународната сфера, ниту да делува во нејзино име.

Косово и Србија, според членот 5, ќе промовираат мирни односи на Западниот Балкан и ќе придонесуваат за регионалната безбедност и соработка во Европа.

Членот 6 од нацрт документот пропишува дека Србија и Косово ќе постапуваат со взаемно почитување на јурисдикцијата на секоја од страните.

Членот 7 се однесува на изразување на подготвеност од Косово и Србија за регулирање на практичните и хуманитарни прашања во процесот на нормализација на меѓусебните односи.

„Тие ќе заклучат договори во насока на развој и унапредување врз основа на овој договор и на меѓусебна корист од соработката во економијата, науката и технологијата, сообраќајот, правосудството, пошта и телекомуникации, здравство, култура, спорт и во други области“, се дополнува во членот 7.

Членот 8 предвидува дека Србија и Косово ќе разменат постојани мисии кои ќе бидат воспоставени во Владите на двете земји, а во членот 9 се вели дека двете земји се согласни дека овој Договор нема да влијае на билатералните и мултилатералните меѓународни договори, како и на договорите кои се веќе потпишани или се повикуваат на нив.

- Advertisement -
Ad image

Детали од германско-францускиот договор за решавање на косовското прашање за првпат се појавија во албанските медиуми во септември. Дел од нив тогаш објавија дека Србија со тоа де факто ќе ја признае независноста на Косово, без да има стварно формално признавање. Србија на тој начин не би блокирала приемот на Косово во Обединетите Нации, но двете земји би продолжиле да функционираат како Источна и Западна Германија кои меѓусебно не се признаа.

Неколку дена по објавата во септември, српскиот претстедател рече дека го видел документот и оти одбил да го прими.

По предлогот се изјасни и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која порача дека Европската Унија го поддржува германско-францускиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article