Објавени видеа со активности на вработени во службата ШИШ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Иранската хакерска група „Татковинска правда” не се задоволија од објавувањето на списокот на вработени кои припаѓаат на албанската Државна разузнавачка служба, па сега објавија видеа кои ги откриваат активностите на вработените во тајната служба, ШИШ, јави Топ чанел.

Според истиот извор во едно од видеата, снимено на 26 март минатата година, може да се види поранешниот генерален директор на полицијата за време на операција за откривање на шпион кој работел во кинеската амбасада.

Списокот, објавен претходно, содржи имиња, позиции и  телефонски броеви на околу 600 вработени во ШИШ.

„ШИШ е тајна институција каде што вработените не треба да се изложуваат на јавноста, но сепак имињата што се објавени се на вработени. Засега, за среќа, не се објавени имиња на соработниците. Ова е доказ дека кибер-нападот не го поштедил ниту државниот информациски систем, институција која мора да биде заштитена и каде се вложени милиони лека за складирање на чувствителни податоци“,  наведува телевизијата.

На 9 септември вечерта Албанија се соочи со вториот кибер- напад, овој пат тоа системи во Министерството за внатрешни работи, како и  системот ТИМС на граничните премини,  по нападот на 15 јули врз владините онлајн сервиси и е-албанија.

„Успеале да хакираат и да објават чувствителни податоци на поранешниот генерален директор на полицијата, Гледис Нано, како што се тајните комуникации со меѓународните партнери за чувствителни прашања, загрозувајќи ја националната безбедност“, наведува Топ чанел.

Share This Article