Недостигот на квалификувана работна сила и слабите подобрувања на продуктивноста се сериозна закана за просперитетот во Германија, предупреди во понеделникот државната развојна банка KfW.
„Темелите (кои треба да гарантираат) натамошно зголемување на просперитетот се уриваат“, објави германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЗ) во понеделникот како заклучок од студијата на KfW.
Главниот економист на банката, Фрици Келер-Геиб, беше јасен: „Комбинацијата на намалената долгорочна понуда на домашна работна сила и слабиот раст на продуктивноста е единствен предизвик со кој не сме се соочиле од крајот на војната“.
За да не се оствари мрачната прогноза, мора да се зголеми понудата на работна сила преку имиграција и натамошни мерки на пазарот на трудот, нагласуваат од развојната банка.
Во исто време, работата мора да биде попродуктивна, што треба да се постигне, меѓу другото, со намалување на бирократијата и промовирање на иновациите, велат тие.