Два патнички авиони се судрија на аеродром во Јапонија, неколку недели по трагедијата во која патнички авион се судри со авион на крајбрежната стража, при што загинаа 5 лица.
Авионите на Кореан Ер и Катаи Пацифик се судрија на аеродром во Хокаидо. Засега не се познати точните детали за инцидентот, според првичните информации во инцидентот нема повредени. Од аеродромот претходно соопштија дека има доцнења и откажувања на летови поради обилниот снег во областа.
Несреќата се случила кога авионот на Кореан Ер се подготвувал да полета, изјави претставник на авиокомпанијата.
BREAKING: Two passenger jets have collided at a Japanese airport, weeks after a deadly crash left five dead in the country.
A Korean Air official said a #KoreanAirLines plane clipped a #CathayPacific Airways aircraft at New Chitose Airport on #Japan‘s northern island of Hokkaido… pic.twitter.com/sYKcyo7a7A
— World Times (@WorldTimesWT) January 16, 2024
Фотографиите од местото на несреќата покажуваат оштетување на авионот на Кореан Ер. Противпожарната служба соопшти дека авионот Катаи Пацифик стоел на пистата кога во него удрил друг авион, во кој имало 289 луѓе.
Последниот инцидент на писта на јапонскиот аеродром се случи пред неколку недели откако летот S16 се судри со авион на јапонската крајбрежна стража кој слетувал на аеродромот Ханеда во Токио. Сите 379 патници на летот JAL516 на Јапан Ерлајнс безбедно се симнаа пред авионот целосно да биде зафатен од пламен, но пет лица загинаа во помалиот авион.