Пристигнаа нови цени на горивата, така што од 15 часот денеска литар евро дизел на пумпите во Србија ќе чини 204 динари, а бензин Еуропремиум БМБ 185 динари, дознава „Блиц Бизнис“.
Новите цени на горивата ќе важат до следниот петок, 8 март, јавува Блиц.
Практично, во однос на минатата, празнични цени од минатата среда, дизелот и бензините поскапеа за половина динар.