Генералштабот на вооружените сили на Украина објави нови податоци за руските воени загуби од почетокот на инвазијата на 24 февруари.Според Украинците, во војната досега загинале околу 32.300 руски војници. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање рече дека руските загуби во јуни би можеле да надминат 40.000.
Украинскиот штаб наведува и дека Русите досега изгубиле 1432 тенкови, 3492 вооружени борбени возила, 718 артилериски системи, 226 MLRS, 97 системи за противвоздушна војна.
Украинските сили уништија и 213 руски авиони и 178 хеликоптери.
Руските сили во текот на викендот претрпеа најголеми загуби во правец на Бахмут, се додава во соопштението на Генералштабот на вооружените сили на Украина.