Објавени фотографии од рацијата во куќата на Пригожин во Русија

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Неколку руски медиуми објавија фотографии направени за време на полициската рација во куќата на шефот на паравоената формација Вагнер, Евгениј Пригожин која се наоѓа во луксузен кварт во Санкт Петербург. Рускиот портал Фонтанка пренесувајќи детали од рацијата објави и серија фотографии на кои е прикажана внатрешноста на луксузната куќа на Пригожин. На нив има многу необични работи – фотографија со отсечени глави како трофеј, многу оружје, пакети со куп пари во американски долари и руски рубљи, импровизирана болница и колекција од перики и лажни пасоши. Во една од собите, шефот на Вагнер имал поставен голем чекан со натпис „за важни преговори“.

 

Еден од најморбидните детали е фотографијата со отсечени глави што ја пронашле истражителите на ѕидот во една од собите.

 

На другите ѕидови има различни признанија и награди, меѓу кои и лента што Пригожин ја добил од гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, негов долгогодишен ривал.

Фонтанка пишува дека иследниците во куќата на Пригожин пронашле и импровизирана болница со многу медицинска опрема што за која се претпоставува дека останала од времето на пандемијата, но не е исклучено дека се користела и за итни интервенции.

фото: принтскрин

Фотографии од претресот на куќата на Пригожин објавија и руски телевизиски куќи, а за нив детално се зборуваше во ток-шоуто на државниот канал Русија 1.

Во меѓувреме, неколку Телеграм канали поврзани со Кремљ објавија и наводни фотографии на шефот на Вагнер маскиран со брада и со перики.

ТВ Дожд објави дека претходниот ден ги добила истите фотографии од гледач кој тврдел дека е поранешен вработен во една од компаниите на Пригожин.

- Advertisement -
Ad image

Во вилата биле пронајдени и лажни пасоши. На една од нив, покрај фотографијата на Пригожин, стои името Дмитриј Исакович.

 

Тоа е името на вистинска личност која живее во Санкт Петербург. Тој е по потекло од Естонија и работи како инструктор за возење, пишува порталот 24news.

- Advertisement -
Ad image

Порталот контактирал со човекот кој им рекол дека не знае како Пригожин дошол до неговите информации.

Руските медиуми информираат и дека пред една недела руските власти на Пригожин му вратиле 10 милијарди рубљи. Тоа се пари кои биле запленети во полициските рации за време на минатомесечниот вооружен бунт на припадниците на Вагнер. Во Санкт Петербург полицијата запленила голема сума пари, како и пет златни прачки, при рација на имоти поврзани со Пригожин.

За потсетување, рускиот претседател Владимир Путин на крајот се согласи да ги отфрли обвиненијата, во замена за тоа шефот на платеници да се откаже од бунтот и да замине во соседна Белорусија. Според независниот руски медиум Фонтанка, полицијата ги пронашла парите и златото, проценети на „неколку тони“.

фото: принтскрин Твитер

 

Готовината и златото му биле предадени на возачот на Пригожин, додека Пригожин присуствувал на тајниот состанок со Путин во Москва, во неделата. Пригожин изјави дека запленетата готовина била наменета за плати на неговите борци и да обезбеди материјална отштета за семејствата на загинатите платеници.

Во првите извештаи, полицијата запленила 4 милијарди рубљи од паркирано комбе, а потоа биле запленети уште 6 милијарди рубљи спакувани во 80 картонски кутии во друго комбе.

Share This Article